• среда, 13 ноември 2024

Фенербахче останува во турската лига

Фенербахче останува во турската лига

Истанбул, 2 април 2024 (МИА) - Турскиот фудбалски клуб Фенербахче одржа вонредно собрание на стадионот „Улкер“ во Истанбул на кое присуствуваа 22.588 членови на клубот.

Турскиот клуб на вонредната седница на собранието ја одложи одлуката за повлекување од Суперлигата.

Претседателот на Фенербахче, Али Коч, синоќа на состанок ги собрал сите фудбалери со кои се разговарало за можноста за напуштање на лигата, за што денеска се разговарало на вонредното собрание на турскиот гигант.

-Некои велат дека треба да се повлечеме. Но, ако се повлечеме од лигата, во чиј автобус ќе пукаат? Нема да попуштиме и да ги компромитираме принципите во кои веруваме заради првенства и титули, изјави Коч.

Тој додаде дека повлекувањето од лигата би било една од најекстремните опции.

-Во сите наши дискусии, најмалку претпочитаната опција и последната опција беше излегувањето од лигата. Зошто нашите момци да играат во пониска лига? Оваа опција ја симнуваме од маса до следното генерално собрание, кое е за три месеци. Оттука им се обраќам на Един Џеко, Душан Тадиќ, Мерт Хакан: „Генералното собрание го сака, тоа што го сакате вие. Играјте и направете го тоа што е потребно и донесете ни титула“, изјави Коц.

Коч се осврна и на финалниот натпревар од Суперкупот против Галатасарај кој ќе се одигра на 7 април во Шанлиурфа. Порача дека сакаат да го одиграат финалето на Суперкупот против Галатасарај со јуниорски тим доколку Фудбалскиот сојуз на Турција го дозволи тоа и ги повика навивачите на Фенер да не резервираат билети за овој натпревар.

Потпретседателот на Фенербахче, Ерол Билечик, истакна дека ова е ден кој сигурно ќе остане запишан во историјата на фудбалот во Турција и дека во голема мера ја надминале потребната бројка за да се постигне мнозинство.дс

Фото: Фејсбук/Фенербахче

Остани поврзан