• недела, 24 ноември 2024

Фенербахче заинтересиран за Лев

Фенербахче заинтересиран за Лев
Истанбул, 25 март 2021 (МИА) - Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев може да ја продолжи кариерата во Турција. Фенербахче е заинтересиран за услугите на 61-годишниот фудбалски стручњак, пренесува „Goal.com“. Забележано е дека Лeв, во комуникација со пријателите, ја призна можноста за работа во Турција. Тренерот претходно беше на чело на Фенербахче во сезоната 1998/99, со него клубот го зазеде третото место. Лев неодамна објави дека ќе ја напушти репрезентацијата по Евро 2020 кое ќе се игра претстојното лето. зс/

Остани поврзан