• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Феликс постигна гол на дебито за Милан

Феликс постигна гол на дебито за Милан

Милано, 6 февруари 2025 (МИА) – Жоао Феликс се запиша во листата на стрелците во својот прв натпревар за Милан по доаѓањето од Челзи.

Играчот од средниот ред на „росонерите“ синоќа постигна гол против Рома во четвртфиналето на Купот на Италија (3:1, второ полувреме).

При постигнувањето на голот на Феликс му асистираше Сантијаго Хименез, уште еден дебитант во миланскиот тим.

Противник на Милан во полуфиналето ќе биде победникот од мечот Лацио – Интер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан