• сабота, 21 декември 2024

Фелаини е првиот фудбалер со КОВИД-19 во Кина

Фелаини е првиот фудбалер со КОВИД-19 во Кина
Jинан, 22 март 2020 (МИА) - Поранешниот играч од средниот ред на Евертон и Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини е уште едно популарно име во светот на фудбалот, кое се зарази со коронавирус. Белгискиот репрезентативец игра во кинескиот Шандонг Луненг. Пред неколку дена, тој пристигна со воз во Jинан, каде неговата температура била измерена на станицата, а последователниот тест со КОВИД-19 се покажа како позитивен. Триесет и две-годишниот Фелаини е првиот кинески фудбалер на Супер лигата кој има коронавирус. Како што е познато, епидемијата започна токму од најнаселената земја во светот. Фелаини потпиша со Шандонг Луненг во 2019 година и настапи силно во својата дебитантска сезона, постигнувајќи 13 гола и неговиот тим заврши на петтото место во Шампионатот. Во јануари, Жозе Мурињо се обиде да го врати искусниот играч од средниот ред во Премиер лигата, но преговорите меѓу Тотенхем и кинескиот клуб пропаднаа.

Тагови

Остани поврзан