Фекален колектор од населбата Гази Баба во Чаир до натпатникот кај клучката „Континентал“
- Екипи на Град Скопје ги завршија градежните работи за изведба на фекален колектор од населбата Гази Баба во Чаир до натпатникот кај клучката „Континентал“, по крак на булеварот „Александар Македонски“.
![Фекален колектор од населбата Гази Баба во Чаир до натпатникот кај клучката „Континентал“](https://new.mia.mk/index.php/images/20231019172236_big_730x400_9.webp )
Скопје, 19 октомври 2023 (МИА) - Екипи на Град Скопје ги завршија градежните работи за изведба на фекален колектор од населбата Гази Баба во Чаир до натпатникот кај клучката „Континентал“, по крак на булеварот „Александар Македонски“.
- Со реализација на овој проект најавуван уште во 2015 година, трајно се решава пренасочувањето на секундарната фекална канализација од атмосферскиот колектор и одведување на отпадните фекални води од месните заедници „Томе Стефановски - Сениќ“ и „Бајрам Шабани“, стои во соопштението од Град Скопје.
Проектот се реализира во рамки на Стратегијата за подобрување на условите на инфраструктурата во сите градски населени места и како исполнување на проектите од програмата „За модерно Скопје, за сите граѓани“. мд/нд/
Фото: Град Скопје