• сабота, 23 ноември 2024

Фезер предупреди на зголемување на терористичката закана

Фезер предупреди на зголемување на терористичката закана

Берлин, 30 ноември 2023 (МИА) - Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер предупреди на зголемен ризик од терористички напади по ненадејниот напад на палестинското движење Хамас против Израел на 7 октомври и неодамнешните апсења во Германија, јави ДПА.

-Исламистичките терористички организации, но и поединечни исламисти, се значајна закана во секое време, изјави Фезер за Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека војната во Газа има директно влијание врз безбедносната ситуација во нејзината земја.

-Неодамна презедовме толку големи акции во исламистичките кругови, бидејќи внимателно следиме како се менува нивото на закана, рече таа, укажувајќи на фактот дека германската криминална полиција блокирала 170 канали и создавачи на содржина на апликацијата Телеграм. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан