• среда, 25 декември 2024

ФЕД: Имотот на еден отсто од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 билиони долари

ФЕД: Имотот на еден отсто од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 билиони долари

Вашингтон, 29 март 2024 (МИА) - Имотот на еден процент од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 трилиони долари на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, пред се благодарение на растот на акциите, соопшти Американската централна банка ФЕД.

Вкупното богатство на еден процент најбогати луѓе, кои ФЕД ги дефинираше како оние со богатство над 11 милиони долари, се зголеми за два билиони долари во четвртиот квартал, а целата добивка дојде од нивните акции, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Вредноста на корпоративните акции и акциите на заедничките фондови во сопственост на првите еден отсто се зголеми од 17,6 билиони долари во третиот квартал од 2023 година на 19,7 билиони долари. 

Невидениот раст на богатството започна во 2020 година, а оттогаш богатството на најбогатиот еден процент порасна за речиси 15 трилиони долари или за 49 отсто.

Економистите велат дека растечкиот пазар на акциите дава дополнителен поттик на потрошувачката преку таканаречениот „ефект на богатство“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан