• недела, 24 ноември 2024

Федерер излегува од Топ 10 за прв пат од јануари 2017 година

Федерер излегува од Топ 10 за прв пат од јануари 2017 година
Индијан Велс, 12 октомври 2021 (МИА) – Полскиот тенисер Хуберт Хуркач во третото коло од Мастерсот во Индијан Велс го победи Френсис Тиафу со 6:3 и 6:2. Поради оваа победа, Хуркач ќе го престигне Рожер Федерер на АТП ранг-листата. Дваесеткратниот грен слем шампион дефинитивно ќе ги напушти најдобрите 10 тенисери на светот следната недела. Последен пат Федерер не беше меѓу првите десет на ранг-листата пред Австралија Опен-2017. Тогаш Швајцарецот кој го освои Грен слемот во Мелбурн како 17-ти рекет во светот. Четириесетгодишниот Фередер од понеделник ќе падне на најмалку 11. место. зс/ зс

Остани поврзан