Федерер донира 1 милион долари за 64.000 деца
- Идејата е да се пренесат парите на семејствата погодени од кризата со коронавирусот на тој континент. Средствата ќе бидат дистрибуирани преку институции за да им помогнат на над 64,000 деца и
Базел, 6 мај 2020 (МИА) - Фондацијата Роџер Федерер издвои еден милион долари за помош на Африка.
Идејата е да се пренесат парите на семејствата погодени од кризата со коронавирусот на тој континент. Средствата ќе бидат дистрибуирани преку институции за да им помогнат на над 64,000 деца и нивните семејства.
Заедно со неговата сопруга Мирка, Роџер веќе донираше милион швајцарски франци за помош во неговата земја за време на пандемијата.