• среда, 25 декември 2024

Федералните резерви на САД ја задржаа сегашната клучна каматна стапка

Федералните резерви на САД ја задржаа сегашната клучна каматна стапка
Вашингтон, 10 јуни 2020 (МИА) - Реферeнтната годишна каматна стапка останува меѓу 0 и 0.25 проценти, соопштија Федералните резерви (Фед).Регулаторот до ова ниво ја намали каматната стапка в март. Фед прогнозираат поголем пад на бруто домашниот производ (БДП). За 2020 година се очекува БДП на САД да опадне до минус 6.5 проценти, наместо раст од 2 отсто кој се очекуваше во декември. Притоа, прогнозата за 2021 година е раст на БДП од 1.9 до 5 проценти. Прогнозата за стапката на невработеност е зголемена од 3.6 до 6.5 проценти. Првиот човек на Фед, Џером Пауел, смета дека падот на БДП во второто тримесечје ќе биде рекорден. Според него, големината на негативата останува неодредена и ќе зависи од запирањето на вирусот. Соопшти и дека индикаторите укажуваат на стабилизација во некои сектори од економијата. Од Фед претходно соопштија дека не се разгледува можност за намалување на клучната каматна стапка од сегашната вредност од речиси нула до одење во негативна зона. За таква мерка претходно се изјасни американскиот претседател Доналд Трамп. кб/

Остани поврзан