• четврток, 26 декември 2024

ФДА одобри четврта доза на Фајзер или Модерна за постари од 50 години

ФДА одобри четврта доза на Фајзер или Модерна за постари од 50 години
Вашингтон, 29 март 2022 (МИА) - Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) одобри уште една засилувачка доза на Ковид-19 од вакцините Фајзер или Модерна за луѓе на возраст од 50 години и постари.  Тоа значи дека лицата од оваа возрасна група ќе можат да примат вакцина најмалку четири месеци од нивното ревакцинирање со треттата доза. Досега, ФДА ја дозволуваше четвртата доза само за луѓе од 12 години и постари кои имаат сериозно ослабен имунолошки систем. Агенцијата соопшти дека оваа особено кревка група може да добие и дополнителен засилувач, петта доза. аа/

Остани поврзан