• четврток, 26 декември 2024

ФДА одобри терапија со антитела од компанијата Ели Лили за третман на коронавирус

ФДА одобри терапија со антитела од компанијата Ели Лили за третман на коронавирус
Вашингтон, 10 февруари 2021 (МИА) – Американската управа за храна и лекови (ФДА) одобри итна употреба на комбинирана терапија со антитела од страна на фармацевтската компанија Ели Лили во борбата против Ковид-19, соопштија претставници на компанијата. Податоците од истражувањата во доцна фаза, спроведени во јануари, покажаа дека комбинирана терапија на две антитела, „бамланивимаб„ и „етезевимаб“, помага за 70 проценти да се намали ризикот од хоспитализација и смрт кај пациенти со лесни или умерени симптоми на Ковид-. Компанијата соопшти дека терапијата ќе биде веднаш достапна на пазарот. „Веќе се подготвени 100.000 дози, а дополнителни 150.000 дози ќе бидат достапни во текот на првиот квартал од оваа година", се наведува во соопштението на  „Ели Лили“. Компанијата додава дека до средината на 2021 година, во соработка со една од водечките биотехнолошки компании во светот „Амген“, планира да произведе еден милион дози од „етезевимаб“ за применса со „бамланивимаб“. „Терапијата е одобрена за лекување на лесен до умерен Ковид-19 кај пациенти постари од 12 години кои имаат висок ризик од развој на сериозен облик на Ковид-19 и / или хоспитализација“, се наведува во соопштението на компанијата. паг/    

Остани поврзан