• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ФБИ ги предупреди ловците на дронови да престанат да вперуваат ласери кон небото

ФБИ ги предупреди ловците на дронови да престанат да вперуваат ласери кон небото

Вашингтон, 17 декември 2024 (МИА) – ФБИ издаде предупредување до ловците на дронови откако неколку пилоти пријавиле дека биле заслепени од ласери затоа што луѓето мислеле дека гледаат дронови на небото, а не авиони.

Канцеларијата на ФБИ во Њуарк, Њу Џерси и полициската управа на Њујорк ги повикаа граѓаните да престанат со таквото однесување, по зголемените извештаи за пилоти на авиони кои биле погодени од ласери бидејќи луѓето на терен мислеле дека виделе дронови, пишува Њујорк пост.

ФБИ исто така предупредува дека тоа може да биде опасно. јт/

Остани поврзан