• среда, 18 декември 2024

Фајон: Ова година е клучна за проширување на ЕУ

Фајон: Ова година е клучна за проширување на ЕУ

Љубљана, 29 август 2023 (МИА) – Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјави дека оваа година ја гледа како клучна за проширување на Европска Унија.

- Сега е клучно време и затоа 2030 година не треба да се гледа како неважна. Јас на тоа гледам сосема поинаку, истакна Фајон на Бледскиот стратешки форум.

Нејзината изјава уследи откако претседателот на Европски совет, Шарл Мишел ја наведе 2030 како година во која ЕУ и земјите на Западен Балкан треба да биде подготвени.

Фајон наведе дека во разговорите со лидерите на Западен Балкан и министрите за надворешни работи во Блед, истакнала дека за нив „многу е важно што сега има некаква временска рамка“.

- Доколку земјите од Западен Балкан би си ја работеле својата работа, барем во однос на тоа да бидат убедливи во својата посветеност, ќе има доволно политички аргументи и ќе можеме да бидеме многу посмели во декември, истакна Фајон.

На прашањето што конкретно треба да се постигне на Самитот на ЕУ во декември, Фајон наведе дека има многу идеи кои ќе се формулираат во она што е реално.

Меѓу другото, таа спомена комбинирање технички разговори со „побрз пристап“, како што е охрабрување на идните членки да се „навикнат на ЕУ, со тоа што, на пример, ќе добијат статус на набљудувач во Европски парламент или постепено влегување на единствениот пазар. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан