• недела, 24 ноември 2024

Фајон за средбата на Вучиќ и Курти во Брисел: Очекувам двете страни да се вратат на дијалогот

Фајон за средбата на Вучиќ и Курти во Брисел: Очекувам двете страни да се вратат на дијалогот

Љубљана, 24 октомври 2023 (МИА) - Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон изјави денеска, коментирајќи ја најавената средба на претставниците на Србија и Косово во Брисел, дека не очекува натамошна ескалација на тензиите и дека двете страни ќе се вратат на дијалогот, пренесе Бета.

-Секогаш е важно да се направи се што е во наша моќ за да се деескалираат тензиите, да нема дополнителни ескалации и двете страни да се вратат на маса, а тоа значи продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, рече таа на прес-конференција во рамките на Стратешкиот форум на ЕУ за регионот на Дунав во Брдо кај Крањ.

Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг истакна дека е важно Србија да ги изведе пред лицето на правдата учесниците во конфликтот во Бањска.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува во следните неколку дена во Брисел да се сретне со косовскиот премиер Албин Курти. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан