• сабота, 21 декември 2024

Фајон: Бугарското вето за Северна Македонија е неодговорно

Фајон: Бугарското вето за Северна Македонија е неодговорно

Брисел, 25 март 2021 (МИА) – На дебатата за извештаите за земјите од Западен Балкан, европратеничката Тања Фајон оцени дека бугарското вето за преговорите со Северна Македонија е неодговорно.

Таа порача дека едностраното делување нема ништо заедничко со критериумите за членство во ЕУ.

-Бугарија треба да ги повлече своето вето, затоа што кризата што ќе ја предизвика бугарското вето ќе го загрози процесот на проширувањето за другите земји од регионот, рече таа.

Пред неа бугарскиот пратеник Андреј Ковачев изјави дека во Северна Македонија се нарушува слободата на изразување на Македонците со бугарско потекло и дека бугарската заедница во Северна Македонија била мнозинство пред да дојде Тито на власт. Тој го посочи случајот со пејачот избран за Евровизија како доказ дека Бугарите во Северна Македонија се мета на постојани напади.

Европратеникот Ангел Џамбаски од своја страна ја спореди Северна Македонија со Северна Кореја поради тоа што Бугарите, како што рече. не смееле да се декларираат како такви на претстојниот попис. тм/ац/

Остани поврзан