• среда, 25 декември 2024

Фајненшл тајмс: Ријад и Анкара бараат решение за враќање на украинските деца од Русија

Фајненшл тајмс: Ријад и Анкара бараат решение за враќање на украинските деца од Русија

Лондон, 18 јули 2023 (МИА) - Саудиска Арабија и Турција се обидуваат да посредуваат за да се постигне договор за враќање на украинските деца однесени во Русија и сместени во сиропиталишта или руски семејства, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

ФТ, цитирајќи четири лица запознати со разговорите, објави дека ова прашање се преговарало неколку месеци и дека поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович, бил вклучен во обидот за посредување.

Како дел од процесот на посредување, властите во Киев и Москва, како што се наведува, составуваат списоци на деца префрлени во Русија по нејзината сеопфатна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Дарија Херасимчук, советничка на украинскиот претседател Володимир Зеленски и комесар за детски права и рехабилитација, одби да ги коментира медиумските извештаи.

Зеленски постојано бара странски лидери да помогнат во ова прашање.

Киев проценува дека речиси 19.500 деца биле нелегално депортирани во Русија или окупираниот Крим од почетокот на инвазијата. Украинските официјални податоци покажуваат дека се вратени само 385 деца.

Москва, која контролира големи делови од источна и јужна Украина, негира дека ги киднапирала децата. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан