• недела, 24 ноември 2024

„Фајнанс тинк“ го публикуваше Макроекономскиот монитор за квартал 4, 2023 година

„Фајнанс тинк“ го публикуваше Макроекономскиот монитор за квартал 4, 2023 година

Скопје, 11 март 1014

Finance Think го публикуваше Макроекономскиот монитор за квартал 4, 2023 година.

Во четвртиот квартал од 2023, БДП се зголеми за 0.9% на годишна основа, со што целата 2023 заврши со еднопроцентен раст. Забавувањето на економската активност кое отпочна порано, благо се интензивираше до крајот на годината, со што ги потфрли сите проекции. Главен двигател на забавувањето и понатаму е надворешната побарувачка, а продолжија да се намалуваат и бруто инвестициите (-20.5%), двете резултат на забавената активност и негативните стапки на раст на економиите од главните трговски партнери. Личната потрошувачка и понатаму релативно солидно порасна (3.7%), главно движена од позитивниот реален раст на платите и од солидниот раст на другите доходни компоненти на населението. Првпат по извесен период на затегнување, јавната потрошувачка порасна (5.6%), тенденција која е веројатно да продолжи и низ првата половина од 2024 година. Земјоделството забележа остар пад (-15.3%), додека индустријата и градежништвото излегоа благо над негативната зона (1.6% и 5.5%, соодветно), по падовите во претходните квартали. Услугите забележаа поблаг раст споредено со пртходните квартали (1.6%).

Забавувањето на економијата започна особено неповолно да се одразува врз пазарот на трудот, за првпат по долг период на негови позитивни остварувања. Невработеноста во четвртиот квартал од 2023 се зголеми на 13% (од 12.8% во претходниот квартал). Вработеноста се намали на 45.5% (од 45.7% во претходниот квартал), додека активноста на пазарот на труд остана опадна на 52.2% (од претходните 52.4%).

Во третиот квартал од 2023, инфлацијата се преполови на 3.4% на годишна основа, од 7.8% во претходниот квартал. Забавувањето е водено од намалувањето на глобалните притисоци кај храната и енергијата, од замрзнувањето на цените на избрани прехранбени производи, како и од исцрпувањето на преносот на инфлациските притисоци врз пошироката потрошувачка кошничка кој беше присутен во текот на годината.

Економското забавување кое е моментално на сцена ќе продолжи најмалку во првата половина од 2024 година. Изгледите во поглед на инфлацијата стануваат поповолни, но зависат од критични домашни фактори. Finance Think ги задржува претходните проекции за раст на БДП во 2024 од 2.7% и за раст на цените од 3.8%.

 

Тимот на Finance Think

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото:  Скриншот

Остани поврзан