• сабота, 28 декември 2024

Фајзер ги менува упатствата за температурата на чување на вакцината

Фајзер ги менува упатствата за температурата на чување на вакцината
Франкфурт, 19 февруари 2021 (МИА) - „Фајзер/БиоНТек“ побараа од американскиот регулатор за здравство да ги олесни барањата според кои нивната вакцина против Ковид-19 се чува на ултра ниски температури, што потенцијално дозволува да се држи во аптекарски замрзнувачи. Како што беше соопштено денеска, одобрението на Управата за храна и лекови може да испрати силен сигнал до другите регулатори низ целиот свет, што потенцијално може да ја олесни дистрибуцијата на вакцините во посиромашните земји. Компаниите доставија нови податоци до американската агенција за за температурата за чување на шишенцата со вакцини на -25 до -15 степени Целзиусови за период од две недели. Според сегашните упатства, вакцината треба да се чува во замрзнувач на температура помеѓу -80 и -60 степени Целзиусови, што значи дека мора да се испрати во специјално дизајнирани контејнери, што не е лесно изводливо во руралните средини. - Овие податоци можат да го олеснат користењето на нашата вакцина во аптеките и да им дадат поголема флексибилност на центрите за вакцинација, рече извршниот директор на „БиоНТек“, Угур Сахин. паг/  

Остани поврзан