• недела, 24 ноември 2024

Фајзер/БиоНТек произведе 70 милиони вакцини до крајот на 2020 година

Фајзер/БиоНТек произведе 70 милиони вакцини до крајот на 2020 година
Њујорк, 12 јануари 2021 (МИА) - „Фајзер“ и неговиот германски партнер „БиоНТек“ произведоа над 70 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19 до крајот на 2020 година, изјави денеска извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла. Во интервју за Си-Ен-Би-Ес, тој рече дека до последната недела од 2020 година се произведени повеќе од 70 милиони дози и дека биле распределени околу 50 милиони дози, бидејќи постоела контрола на квалитетот. - Потоа произведовме уште вакцини во првата недела од јануари. Во моментов мислам дека дистрибуиравме 33 милиони дози. И да речеме, половина од она што го произведовме е на полиците, рече Бурла. Германската фармацевтска компанија „БиоНТек“, која заедно со американската компанија „Фајзер“ ја разви вакцината против вирусот, вчера соопшти дека очекува до крајот на годината да бидат произведени две милијарди дози. Угур Сахин, извршен директор на компанијата, рече дека наскоро ќе започнат да работат три фабрики за производство на вакцината во САД и три во Европа, со што двојно ќе се зголеми бројот на дози предвидени за оваа година. паг/

Остани поврзан