• четврток, 26 декември 2024

Фајзер/Бионтек: Нашата вакцина е ефикасна и против мутациите на коронавирусот

Фајзер/Бионтек: Нашата вакцина е ефикасна и против мутациите на коронавирусот
Париз, 28 јануари 2021 (МИА) - Вакцината на „Фајзер/Бионтек“ задржува голем дел од својата ефикасност и против главните мутации на коронавирусот што ги предизвикува Ковид-19, англискиот и јужноафриканскиот сој, се вели во денешното соопштение на двете компании.
„Тестовите не покажаа потреба за нова вакцина за справување со новите соеви“, наведуваат двете компании.
Тие додадоа дека „ќе продолжат да ги следат новите соеви“ и дека се „подготвени да реагираат“ доколку тие мутации се покажат отпорни на вакцината. паг/
 

Остани поврзан