• недела, 28 јули 2024

Фаучи: Училиштата во САД можеби нема да се отворат во рок од сто дена

Фаучи: Училиштата во САД можеби нема да се отворат во рок од сто дена
Вашингтон, 31 јануари 2021 (МИА) - Американскиот имунолог Ентони Фаучи предупреди дека планот на Џо Бајден да ги отвори повеќето училишта во рок од сто дена откако ќе стане претседател на САД „можеби нема да се случи“, бидејќи САД продолжуваат да се борат со голем број нови случаи на коронавирус, објави Си-Ен-Ен. - Претседателот го сфаќа ова многу сериозно. И од гледна точка на учениците и од гледна точка на наставниците. Тој сака да верува дека училиштата ќе се отворат во следните сто дена. Тоа е целта. Можеби нема да се случи затоа што има неповолни околности, но она што Бајден го сака е да стори сé што е во негова моќ за тоа да се случи, рече Фаучи. Фаучи исто така неодамна рече дека е тешко да се постигне планот на Бајден да се вакцинираат сто милиони луѓе во првите сто дена од новата администрација. паг/

Остани поврзан