• недела, 28 јули 2024

Фаучи: До петок ќе има одлука за вакцината на Џонсон и Џонсон

Фаучи: До петок ќе има одлука за вакцината на Џонсон и Џонсон
Вашингтон, 19 април 2021 (МИА) - Вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19, чија употреба во САД е привремено прекината  повторно ќе почне да се користи, со можни ограничувања, а одлуката ќе биде објавена до петок, изјави медицинскиот советник на Белата куќа, Ентони Фаучи. Тој додаде дека група експерти набрзо ќе имаат состанок на кој ќе се разгледува потенциелната врска помеѓу вакцината на Џонсон и Џонсон и појавата на тромбози. - Вакцинацијата ќе продолжи, со можни ограничувања поврзани со возраста и полот или едноставно со предупредување, посочи Фаучи. Во САД вакцината на Џонсон и Џонсон беше стопирана за употреба на 13 април, со цел да се спроведе истрага откако кај шест жени се појави згрутчувцање на крвта по добивање на вакцината против Ковид-19. Фаучи истакна дека згрутчувањето на крвта е многу ретка појава и објасни дека вакцинацијата е привремено прекината, за експертите да можат да ја разгледаат ситуацијата и да се осигурат дека ги имаат сите потребни информации. ми/

Остани поврзан