• среда, 25 декември 2024

Фати одби операција и се одлучи за конзервативен третман

Фати одби операција и се одлучи за конзервативен третман
Барселона, 25 јануари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати не сака да биде опериран и ќе се обиде повредата да ја залечи со друг третман, објави „Diario Sport“. Неколку дена, 19-годишниот Шпанец и неговото семејство се среќаваат со претставници на каталонскиот клуб, меѓу кои и главниот тренер Чави и докторот Рикард Пруна. Чави и Пруну сакаа напаѓачот да биде опериран. Барселона му понуди на Фати да замине во Финска кај специјалистите кои претходно го оперираа нивниот Усман Дембеле. И покрај тоа, Фати се одлучи за конзервативен третман. Клубот се обидува да го убеди напаѓачот. Доколку тоа не успее, Барса денеска ќе ја соопшти одлуката на Шпанецот. Забележано е дека доколку Фати се согласел на операцијата, би пропуштил четири до шест месеци. Со конзервативен третман, времето на закрепнување ќе биде околу два месеца. Фати пред неколку дена на средбата со Атлетик Билабо го повреди левиот бутен мускул, а претходно беше долго надвор од терените поради повреда на вкрстените лигаменти на коленото.. зс/

Остани поврзан