• среда, 25 декември 2024

Фати може да пропушти до два месеца поради мускулна повреда

Фати може да пропушти до два месеца поради мускулна повреда
Барселона, 21 јануари 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред на Барселона, Ансу Фати се повреди синоќа во осминафиналето од Купот на Шпанија против Атлетик (2:2, 2:3 по продолжение). Деветнаесетгодишниот фудбалер за врска влезе како замена во 61. минута, а теренот го напушти веќе во 96. минута. Барселона објави дека Фати има повреда на левиот бутен мускул. „Мундо Депортиво“ пишува дека играчот, според прелиминарните податоци, може да отсуствува до два месеца. Фати нема играно од 6 ноември поради повреда. На 12 јануари тој се врати и постигна гол против Реал Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп. зс/

Остани поврзан