• четврток, 28 ноември 2024

Фатен крадец на дело во Битола, украденото вратено на сопстевникот

Фатен крадец на дело во Битола, украденото вратено на сопстевникот

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Полициски службеници вчера, во 15.50 часот, во Битола фатиле крадец на дело во магацин на приватна фирма. Одземеното е вратено на сопственикот, а против крадецот ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

- На 06.03.2024 во 15.50 часот на ул. „Индустриска“ во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода битолчанецот Е.А.(33). Тој бил затекнат во магацин на приватна фирма при извршување „тешка кражба“, при што кај него биле пронајдени повеќе одземени предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица, информираат од МВР.

По целосно документирање на настанот, против Е.А. ќе следува соодветна пријава. ир/са


Фото: МИА архива

Остани поврзан