• сабота, 23 ноември 2024

Фатен крадец во Ресен, следува соодветна пријава

Фатен крадец во Ресен, следува соодветна пријава

Скопје, 4 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Ресен, синоќа во 23:25 часот во Ресен, го лишиле од слобода М.Ф.(68) од Битола.

Како што информираат денеска од МВР, тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело „тешка кражба“ во џамија на ул.„Таше Милошевски“, каде што влегол со употреба на сила и подесен алат и одзел пари. Кај него биле пронајдени парите и биле вратени на одговорното лице во џамијата.  

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан