• среда, 25 декември 2024

Фатен бегалец од затвор, осуден на казна од 11 години и два месеца

Фатен бегалец од затвор, осуден на казна од 11 години и два месеца

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Во атарот на кумановското село Добрешане денеска во 10.30 часот,Оперативен тим Потраги и полициски службеници од ОКР Гази Баба го лишиле од слобода лицето М.Ф.(35)  од Куманово.

Како што информираа од МВР, тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Идризово, каде бил осуден на казна затвор во траење од 11 години и два месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236 и член 239 од Кривичниот законик.

- М.Ф. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа Затвор Идризово каде има за доиздржување шест години, шест месеци и два дена, појаснуваат од МВР. цр/са/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан