• сабота, 23 ноември 2024

Фатах ги повика Палестинците на „сеопфатен напад“

Фатах ги повика Палестинците на „сеопфатен напад“

Газа, 8 октомври 2023 (МИА) - Палестинското национално ослободително движење Фатах, на палестинскиот претседател Махмуд Абас, ги повика сите Палестинци да се приклучат на сеопфатниот напад и да го ескалираат судирот на сите фронтови во одбрана на палестинскиот народ и неговото право на слобода, државност и независност.

„Израелските окупатори продолжуваат со својата агресија и злосторства против нашиот народ и нивните исламски и христијански светилишта и продолжуваат со жестокиот напад врз нашите затвореници и заробеници, додека меѓународната заедница молчи“, се наведува во соопштението, пренесе палестинската агенција ВАФА.

Бројот на Израелци кои загинаа во вчерашните напади на Хамас врз Израел се зголеми на над 250, додека повеќе од 1.450 се повредени, јавуваат израелските медиуми.

Од друга страна, палестинското Министерство за здравство во Газа објави дека најмалку 232 Палестинци се убиени, а уште најмалку 1.700 се ранети на оваа територија во израелската одмазда по нападот на Хамас врз Израел, јави „Тајмс оф Израел“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан