• четврток, 26 декември 2024

Фармерите во Индија протестираат, Моди не отстапува од реформите

Фармерите во Индија протестираат, Моди не отстапува од реформите
Њу Делхи, 30 ноември 2020 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ги отфрли повиците за запирање на земјоделските реформи, кои предизвикаа најголеми протести од страна на земјоделците во последните неколку години во областа околу Њу Делхи. Илјадници луѓе од големата земјоделска област Панџаб веќе петти ден по ред кампуваат во предградијата на Њу Делхи, барајќи да им биде дозволено да организираат протести во центарот на градот против новите закони, со кои се отвора строго регулиран индиски земјоделски пазар. Земјоделците кои претходно беа во можност да продаваат житарици и други производи само на соседните пазари регулирани од Владата, сега можат да ги продаваат низ целата земја, вклучително и големи прехранбени компании како „Волмарт“. - Новите земјоделски закони се донесени во корист на нашите земјоделци. Ќе ги видиме и доживееме придобивките од овие нови закони во наредните денови, рече Моди, кој ја обвинува опозицијата за ширење гласини за иднината на земјоделците. паг/  

Остани поврзан