• петок, 27 декември 2024

Фараж најави оставка од лидерското место во партијата

Фараж најави оставка од лидерското место во партијата
Лондон, 7 март 2021 (МИА) - Нејџел Фараж, лидерот на популистичката партија за Реформи на Обединетото Кралство (Reform UK), ребрендираната Партија Брегзит, што ја формираше пред две години, синоќа најави дека се повлекува од партиската функција. Фараж како лкидер на евроскептичната партија Независно Обединето Кралство (УКИП) вршеше притисок врз британската Влада во 2016 година да одржи референдум за членството на Велика Британија во Европска Унија. Тој изјави дека Партијата Брегзит им помогнала на конзервативците да го изберат Борис Џонсон за свој лидер со пробрегзит политичка платформа. - Исходот (од Брегзит) е отцепување на Северна Ирска од Велика Британија и ужасната положба на нашите индустриски рибари, но сега нема враќање назад. Но, кога станува збор за вакцинацијата и трговските договори кои ги склучивме ширум светот, тука ја гледаме користа од Брегзит, а ЕУ сама на себе си се потсмева, посочи Фараж. Фараж на лидерското место ќе биде заменет од Ричард Тајс. ми/

Остани поврзан