• петок, 27 декември 2024

Фабијански е свесен и зборува по тешкиот судир на натпреварот со Саутемптон

Фабијански е свесен и зборува по тешкиот судир на натпреварот со Саутемптон

Лондон, 27 декември 2024 (МИА) - Менаџерот на Вест Хем, Хулен Лопетеги, откри дека голманот на тимот Лукаш Фабијански е свесен и зборува по тешката повреда поради која мораше да биде заменет во победата од 1-0 над Саутемптон, јавија медиумите на Островот.

Голманот доби удар од дефанзивецот на „светците“, Нејтан Вуд, откако ја расчисти топката од корнер во 29. минута, а играта беше запрена седум минути за да биде укажана медицинска помош. На лицето на Фабијански беше ставена маска за кислород, а Лопетеги потврди дека не бил пренесен во болница.

-Доби сериозен удар во главата, во пределот на вратот и не беше сигурен во своите постапки. За среќа, зборува, во добра состојба е. Разговарав со него, лекарите рекоа дека е подобро. Оптимист сум. Не се плашам за него. Бевме исплашени, но сега е добро, изјави Лопетеги. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан