• четврток, 26 декември 2024

ФАА отвори истрага откако отпадна капак од мотор на авион „Боинг 737-800“ на полетување од Денвер

ФАА отвори истрага откако отпадна капак од мотор на авион „Боинг 737-800“ на полетување од Денвер

Денвер, 8 април 2024 (МИА) - Капак на моторот на авион „Боинг 737-800“ на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ (Southwest Airlines) во неделата за време на полетувањето од аеродромот во Денвер падна и удри во крилото, поради што американската Федерална управа за авијација (FAA) отвори истрага. 

Британските медиуми пренесуваат дека никој не е повреден на летот 3695 на компанијата „Саутвест“,  а авионот безбедно се вратил на аеродромот. 

Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот. 

„Боингот“ се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се вратил во Денвер, 25 минути по полетувањето.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан