• среда, 25 декември 2024

У21: Македонските фудбалери ќе тестираат против Србија и Кипар

У21: Македонските фудбалери ќе тестираат против Србија и Кипар
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година овој месец ќе одигра два пријателски натпревари во Кипар против домашната и селекцијата на Србија. - После контролните натпревари против Албанија и Саудиска Арабија што се одиграа во Хрватска, не очекуваат нови два меча против квалитетни противници. Тест натпреварите против Кипар и Србија се добра можност да добиеме увид во моменталната форма на повиканите репрезентативци. Се надевам дека ќе го продолжиме трендот на остварување позитивни резултати, а тоа дополнително ќе ја крене нашата самодоверба пред почетокот на квалификациите, изјави селекторот на репрезентацијата до 21 година, Драган Канатларовски. Дуелот против Кипар е закажан за 17 ноември, а пет денови подоцна е контролниот натпревар против Србија. - Речиси нема промени во списокот на повиканите фудбалери во однос на претходните наши натпревари. Се соочуваме со објективни проблеми поврзани со малата клупска минутажа на одредени важни фудбалери во составот, но играњето за репрезентацијата е нешто посебно и се надевам дека истите тие играчи ќе го дадат максимумот и во вистинско светло ќе се покажат на претстојните мечеви. Убеден сум дека имаме квалитет, но мора на секој натпревар да бидеме со правилен пристап, одлучни во целта што сакаме да ја оствариме и се разбира со голема желба за победа, посочи Канатларовски. ег/лв/

Остани поврзан