• понеделник, 29 јули 2024

У21: Македонските фудбалери фокусирани на победа против Фарски Острови

У21: Македонските фудбалери фокусирани на победа против Фарски Острови
Скопје, 28 март 2022 (МИА) – Со амбиција да се вратат на победнички патеки по минатонеделниот пораз на гостински терен од Србија, македонската фудбалска репрезентација до 21 ги привршува подготовките пред утрешниот дуел во Скопје против Фарски Острови во продолжението од европските квалификации. Дуелот против незгодната селекција на Фарски Острови е закажан за утре, на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 18 часот. Пред четири дена, Македонија беше поразена од Србија на стадионот на ФК Вождовац во Белград со минимални 2:1. Во досегашните седум кола од тековните квалификации за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија, македонската репрезентација има освоено шест бодови и е четвртопласирана во групата Х. ег/ар/

Тагови

Остани поврзан