• вторник, 24 декември 2024

У21: Македонските фудбалери поразени во финалето на „Анталија куп"

У21: Македонските фудбалери поразени во финалето на „Анталија куп

Белек, 28 март 2023 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби вечерва од Словачка со 1-0  во финалето на меѓународниот контролен турнир „Анталија куп 2023".

Победоносниот гол за Словачка на дуелот во Белек го постигна Доминик Веселовски во 66 минута. 

Во рамки на турнирот „Анталија куп 2023“, избраниците на селекторот Драган Канатларовски во првото коло претрпеа пораз од Летонија (0-3) по што ја совладаа Финска на пенали.

Со трите натпревари во турска Анталија репрезентацијата до 21 година ги почна подготовките за новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2025 во група со Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар.ег/

Фото: ФФМ

Остани поврзан