• вторник, 24 декември 2024

У20: Силна конкуренција за македонските кошаркари во А дивизијата

У20: Силна конкуренција за македонските кошаркари во А дивизијата

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) – По одигрувањето на завршните турнири во Скопје и Крит, познати се сите 16. репрезентации кои ќе бидат дел од елитниот младински Евробаскет во сезоната 2023/2024.

Место три, како што беше предвидено, две репрезентации од Дивизијата „Б“, ќе влезат во „А“ дивизијата во оваа младинска конкуренција до 20 години.

Тоа се финалистите на шампионатот во Скопје, репрезентациите на Чешка и Македонија, додека најголемиот губитник е „бронзената“ Украина која иако третопласирана, според новата „проекција“ на ФИБА, догодина останува во „Б“ сегментот. Причина е што репрезентацијата на Полска го освои претпоследното место на првенството од „А“ дивизијата, одржано на Крит, но го задржа „прволигашкиот“ статус, бидејќи ќе биде домаќин на наредниот шампионат, во 2024 годин.

Во понизок ранг се селат последнопласираната Естонија и Хрватска, која заврши на 14. позиција.

На следното ЕП, македонската репрезентација за противници ќе ги има Франција, Израел, Грција, Белгија, Србија, Германија, Турција, Литванија, Италија, Шпанија, Словенија, Исланд, Црна Гора, Полска и Чешка. ег/дма/

Фото: КФСМ

Остани поврзан