• среда, 13 ноември 2024

У20: Гркинката Соултани во стручниот штаб на македонската женска кошаркарска репрезентација

У20: Гркинката Соултани во стручниот штаб на македонската женска кошаркарска репрезентација
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) – Стручниот штаб на македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години, која се подготвува за настап на Европското првенство во Б-дивизијата, од денеска е засилен со грчката кошаркарка Рафаела Соултани. Како што соопшти Македонската кошаркарска федерација, „станува збор за поранешна репрезентативка на Грција, која сè уште е активна кошаркарка, а зад себе има и тренерско искуство, кое заедно со селекторот Јелена Антиќ ќе се обиде да им го пренесе на нашите млади кошаркарки во наредниот период, вклучително и низ настапите на Европскиот шампионат, кој од 9-ти до 17-ти јули ќе се одржи во Скопје“. Македонските кошаркарки, во рамки на подготовките, утре и задутре во Подгорица ќе одиграат два контролни натпревари против Црна Гора. - Пред нас е оној втор дел од подготовките во кој девојките треба да преминат на едно уште повисоко ниво. Во уводниот дел работевме доста и во двете насоки, и физичка и техничко-тактичка подготовка. Па овие две средби против квалитетна селекција каква што несомнено, е Црна Гора, ќе видиме до каде сме стигнале во овој процес на подготвување на селекцијата за она што нè очекува во средина на јули, настапот на ЕП од Дивизијата ’Б‘ во Скопје. За Црна Гора одиме некомплетни, недостасуваат Матеја Николиќ и Илина Селцова, а во деновите кои следуваат ќе видиме и каква е ситуацијата со Ана Цветковска, изјави македонскиот селектор Антиќ. ег/мс/

Остани поврзан