• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

У19: Македонските фудбалерки со пораз од Хрватска останаа без пласман во А лигата

У19: Македонските фудбалерки со пораз од Хрватска останаа без пласман во А лигата


Карловац, 7 април 2025 (МИА) – Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години не успеа да обезбеди пласман во елитната дивизија, откако попладнево во рамки на завршното 3. коло на квалификацискиот турнир од Б лигата загуби во Карловац со 2:0 од домаќинот Хрватска и го освои второто место во групата.
Репрезентацијата на Хрватска ја забележа и третата победа на овој турнир и со максимален број на бодови го освои првото место.
За македонската селекција ова беше прв пораз на квалификацискиот турнир во Хрватска по воведната победа во првото коло против Литванија (1-0) и нерешениот резултат (1-1) во второто коло со Ерменија.
Весели во 13. минута ја донесе репрезентацијата на Хрватска во предност, а Петковиќ во 74. минута ги постави конечните 2:0. ег
ФОТО: ФФМ

 

Остани поврзан