• недела, 24 ноември 2024

У17: Македонските фудбалерки со пораз од Косово останаа во Б лигата

У17: Македонските фудбалерки со пораз од Косово останаа во Б лигата

Приштина, 9 октомври 2023 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години не успеа да се пласира во А дивизијата, откако попладнево загуби од домаќинот Косово со 1-2 (1-1) во решавачкиот натпревар на квалификацискиот турнир од Б лигата.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска иако имаа предност од 1:0, на крајот во возбудлив и интересен дуел крај останаа без бод кој им беше неопходен за освојување на првото место.

Македонските фудбалерки последните 20 минути од средбата на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина ги одиграа со играч помалку, откако Комненова во периодот од 66 до 69 минута доби два жолти картони.

Стрелец на голот за водство на македонската репрезентација беше Попески во 11. Минута, по што Косово израмни во 27. минута преку Фека, а голот за победа на домаќинот го постигна Хоџа во 84. минута.

Македонските фудбалерки на квалификацискиот турнир во Косово во воведните две кола ги совладаа Грузија со 5-0 и Ерменија со 4-0 и го освоија второто место. ег/ир

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан