• недела, 24 ноември 2024

У17: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа евроквалификациите

У17: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа евроквалификациите

Елбасан, 18 октомври 2022 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 попладнево во Елбасан забележа убедлив триумф над домаќинот Албанија со 5-2 (2-2) во воведното коло од квалификациите во рамките на Лигата Б за пласман на Европско првенство 2023 година што ќе се одржи во Естонија.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска поведоа во 13 минута со голот на Ива Јованоска, по што домаќинките за две минути направија резултатски пресврт преку Ера Метохоџа (33 ) и Клеста Аго (34), но во судиското продолжение на првиот дел израмни Слаѓана Ѓорѓиева.

 Во продолжението македонските фудбалерки дојдоа до заслужена победа преку двојниот стрелец Јана Павловска (52,72) и Васка Василева (87).
Македонија во второто коло во рамки на групата 2 ја очекува дуел против Косово, в петок, додека квалификацискиот турнир во Албанија ќе го заокружи против Молдавија на 24 октомври.
 

Претходно денеска во првиот натпревар во квалификациската група 2, Косово извојува рутинска победа над Молдавија со 9-0. ег/хс/

Остани поврзан