УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица
- На листата на должници, која е јавно достапна на веб страницата на УЈП, има 1962 правни лица што е помалку за седум должници од претходната листа и 3915 физички лица односно повеќе за 69 од претходната листа.
Скопје, 14 јануари 2025 (МИА) - Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 30 септември 2024 година, а неплатени до 31 декември 2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата на должници, која е јавно достапна на веб страницата на УЈП, има 1962 правни лица што е помалку за седум должници од претходната листа и 3915 физички лица односно повеќе за 69 од претходната листа.
Вкупно објавениот нето долг изнесува 11.509.677.366 денари, односно за 309.353.404 денари повеќе од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.332.488.139 денари, поточно за 268.957.462 повеќе од претходната листа, додека долгот за царински давачки е 177.189.227 денари или за 40,395,942 повеќе од претходната листа. бак/ац/
Фото: МИА архива