• четврток, 26 декември 2024

УЈИЕ почна со поставување сензори за мерење на квалитетот на воздухот

УЈИЕ почна со поставување сензори за мерење на квалитетот на воздухот

Тетово, 30 јуни 2022 (МИА) - Институтот „Макс ван дер Штул“ на Универзитетот на Југоисточна Европа постави четири сензори за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на своите кампањи за изнаоѓање конкретни решенија за надминување на состојбите со аерозагадувањето. Со овој проект ќе бидат поставени 10 сензори за мерење на квалитетот на воздухот во Тетово.

-Моментално се инсталирани четири сензори, а во наредните месеци ќе бидат поставени уште шест сензори. Локациите на сензорите беа одредени врз основа на консултации со партнери и истражувачи кои работат на терен. Локации со преоптоварен сообраќај, со пасивен сообраќај, центарот на градот и предградијата се дел од местата каде што ќе бидат поставени сензорите, соопштија денеска од Институтот „Макс ван дер Штул“ на УЈИЕ.

Оттаму велат дека високото ниво на загаденост на воздухот во Северна Македонија, а особено во големите градови како Скопје, Тетово и Битола, ја поттикна академската заедница на Универзитетот на Југоисточна Европа, чувствувајќи општествена одговорност да преземе конкретни чекори во придонесот и обезбедувањето конкретни решенија за намалување на параметрите на загадувањето и зголемување на квалитетот на воздухот.

-Целта е да се произведат евтини монитори за квалитетот на воздухот кои можат да се распоредат според идентификуваните потреби и приоритети. Сензорите собираат податоци за тоа како се менува загадувањето на воздухот во урбаните средини и го мерат влијанието на загадувачите на воздухот во градот врз ранливите групи. Овие сензори, исто така, ни помагаат да ја разбереме ефективноста на интервенциите за подобрување на квалитетот на воздухот. Сензорите од овој тип се користени во многу земји ширум светот и нивната точност е потврдена во многу академски публикации, вели проф. д-р Менан Селими, водач на проектот.

Универзитетот има воспоставено комуникација со Владата и локалната самоуправа за да се обезбедат точни податоците за загадениот воздух. Покрај овие институции, партнери на проектот се и претставници на Универзитетот во Бирмингемас/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан