• четврток, 26 декември 2024

Уште четири лица се уапсени поради копање тунел и упад во депото на судот во Подгорица

Уште четири лица се уапсени поради копање тунел и упад во депото на судот во Подгорица

Подгорица, 13 октомври 2023 (МИА) - Четири лица поврзани со копање тунел и упад во депото на Вишиот суд во Подгорица се уапсени по распит, соопшти шефот на Основното државно обвинителство во Подгорица, Душко Милановиќ.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ синоќа соопшти дека четири лица се на распит во Основното државно обвинителство, јави РТЦГ.

Претходно кривична пријава за злосторничко здружување, тешка кражба и спречување докази за соизвршителство е поднесена против четворица српски државјани, кои биле назначени како копачи на тунелот долг 30 метри. По нив е распишана потерница. ссм/

фото: архива

Остани поврзан