• недела, 24 ноември 2024

Уште тројца републиканци го поддржаа предлогот за импичмент на претседателот на Претставничкиот дом на САД

Уште тројца републиканци го поддржаа предлогот за импичмент на претседателот на Претставничкиот дом на САД

Вашингтон, 3 октомври 2023 (МИА) - Неколку републиканци во Претставничкиот дом на САД изјавија дека ќе го поддржат предлогот за смена на нивниот сопартиец Кевин Мекарти од функцијата претседател на Домот, претходно претставен од конгресменот Мет Гејц.

Тројца членови на Претставничкиот дом, Енди Бигс и Ели Крејн, двајцата републиканци од Аризона и Боб Гуд, републиканец од Вирџинија, вчера ја објавиле својата поддршка за иницијативата на Гејтс. Републиканецот Тим ​​Буршет, исто така, се стреми кон поддршка на петицијата за смена на Мекарти.

Многу од 20-те конгресмени кои не го поддржаа Мекарти на маратонските избори во јануари за претседател на Претставничкиот дом сè уште не ги објавија своите позиции.

Иницијативата за смена на претседателот на Претставничкиот дом на САД ја покрена Мет Гејц, републиканец од тоа тело.

-Имам доволно републиканци, за следната недела да се случат една или две работи: Кевин МекКарти или повеќе нема да биде претседател на Претставничкиот дом, или ќе биде претседател на тој дом кој работи во интерес на демократите. Секој резултат ми одговара, бидејќи американскиот народ има право да знае кој е на власт“, ​​изјави синоќа Гејц по поднесувањето на барањето за разрешување на Мекарти.

Мекарти му одговори неколку минути подоцна, на социјалните мрежи, со кратка порака: „Повелете“.

Гејц, десничарски републиканец од Флорида и жесток критичар на Мекарти, со месеци го најавуваше потегот, а заканите се интензивираа откако Мекарти овој викенд, поддржан од демократите, го освои потребниот број гласови за да избегне затворање на американската влада.

Гејц го обвини Мекарти дека договарал со Белата куќа за да се донесе закон со кој ќе и се обезбеди финансиска помош на Украина во војната против Русија.

Барањата за смена на претседателот на Претставничкиот дом не се вообичаени и вклучуваат строга процедура, која е покрената против републиканските претседатели на тоа тело само двапати во изминатиот век. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан