• петок, 27 декември 2024

Уште е во тек годишниот конкурс од областа на културата за 2024, се затвора во понеделник

Уште е во тек годишниот конкурс од областа на културата за 2024, се затвора во понеделник

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - Во понеделник, 6 ноември, се затвора конкурсот за финансирање на проекти од национален и јавен интерес за култура за 2024 година и на истиот уште може да се аплицира.

Како што посочи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешниот брифинг со новинарите, до сега, во однос на конкурсот не е пријавен никаков проблем во однос на аплицирањето. Процедурата за аплицирање е иста како минатата година на „uslugi.gov.mk“.

-Минатата година имавме три илјади апликации, сега сме една третина, но мислам дека викендот ќе се зголеми бројот. Оваа година нема да го продолжиме рокот затоа што немаме никакви проблеми или барања. Минатата година имавме, рече министерката.

Оваа година новитет се креативните индустрии како нова линија, а даден е приоритет и на стратешкиот дијалог со САД, на Отворен Балкан, на млади артисти, нови креативни идеи, уникатни идеи, но не изостанува и традицијата. бт/нд/

Фото: Принтскрин; Министерство за култура

Остани поврзан