• среда, 25 декември 2024

Уште еден политичар убиен во Еквадор за помалку од една недела

Уште еден политичар убиен во Еквадор за помалку од една недела

Кито, 15 август 2023 (МИА) - Лидерот на Партијата на граѓанската револуција во провинцијата Есмералдас, Педро Брионес, беше убиен само пет дена откако претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио беше убиен на предизборен митинг.

Брионес бил убиен од вооружени лица на мотор, јавува Би-Би-Си.

Засега не е познат мотивот, а полицијата се уште не се огласила. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан