• среда, 25 декември 2024

Уште еден здравствен работник во Кавадарци позитивен на Ковид-19, нови 43 случаи во Тиквешко

Уште еден здравствен работник во Кавадарци позитивен на Ковид-19, нови 43 случаи во Тиквешко
Кавадарци, 21 ноември 2020 (МИА) - Уште еден здравствен работник од Кавадарци е позитивен на Ковид-19,  а нови 43 случаи со коронавирус се потврдени во Тиквешко. Ова за МИА го изјави докторот Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Едно лице е починато од Неготино, на возраст од 67 години. Во Кавадарци и Неготино има по 19 новозаболени, а во Демир Капија пет. Тие се на возраст од 27 до 75 години.свд/бт/

Остани поврзан