• четврток, 26 декември 2024

Училишниот оркестар од ООУ „Јоаким Крчовски“, Крива Паланка, на Меѓународниот фестивал „Душата на Русија"

Училишниот оркестар од ООУ „Јоаким Крчовски“, Крива Паланка, на Меѓународниот фестивал „Душата на Русија
Крива Паланка, 17 ноември 2021 (МИА) - Учениците од училишниот оркестар при кривопаланечкото основно училиште „Јоаким Крчовски“, под менторство на професорката по музичко Лариса Жулина-Митовски, остварија уште еден во низата бројни успешни и наградувани настапи. Оркестарот учествуваше на годинашниот Меѓународен фестивал „Душата на Русија" што се одржа во Музејот на македонската борба. Фестивалот е во организација на Асоцијација Озарение - Скопје со поддршка на претставништвото на Россотрудничество во Скопје, при Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија. - Фестивалот е со натпреварувачки карактер со три номинации: музички перформанс, драмска презентација и есеј на тема „Моите мисли за Русија“. Учениците од нашиот училишен оркестар учествуваа во првата номинација за музички перформанс со вариијации на тема руска народна песна „Васиљок" со мој аранжман. Покрај награда за оркестарот, како сили изведувачи награди освоија: Дарија Пешовска, Меглена Георгиева, Матеј Георгиев, Николина Дојчиновска, Ева Јакимовска, Горјан Николовски, Михаил Митовски,  Теодор Смиљков  и Леон Јанковски. Публиката беше воодушевена од нивните настапи, изјави професорката и ментор Лариса Жулина-Митовски. На Меѓународниот фестивал учествувале учесници од РС Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Грузија. иб/цр

Остани поврзан