• четврток, 26 декември 2024

Учење англиски со карти со ликовите на Трамп и Бајден

Учење англиски со карти со ликовите на Трамп и Бајден

Нигата, 28 октомври 2020 (МИА) - Едно училиште по англиски јазик во Јапонија дојде до необична идеја - учениците да се запознаат со јазикот преку актуелностите околу претстојните претседателски избори во САД.

Имено, децата добија задача да играат карти со ликовите, но и коментари на и за Доналд Трамп и Џо Бајден. Притоа, во училиштето во градот Нигата се читаат и дијалозите што Трамп и Бајден ги имаа за време на изборната кампања. - Вака тие можат, преправајќи се дека се самите политичари, да научат како им ги пренесуваат своите пораки на гласачите. Сакам моите студенти да можат да го искажат своето мислење на англиски јазик, вели Сатоши Ватанабе - директор на школото. На картите ги има и слоганот на Трамп - „Да ја зачуваме Америка голема“, како и оној на Бајден - „Светот изгради ѕид околу нас“. А пак, наставниците им ја објаснуваат на учениците смислата и позадината на тие коментари. Како „џокери“ (дворски шутови), во „шпилот“ се јавуваат лицата на Владимир Путин и Си Џинпинг - претседателите на Русија и Кина. си/ссм/

Остани поврзан